Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел во рамките на официјалната посета на владина делегација. За Берлин отпатуваа и заменик-претседателот во Владата, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Во четврток очекувам позитивна порака од канцеларката Меркел со прецизни агенди и детали затоа што сите земји немаат никаква дилема ниту каков било аргумент против за добивање датум за Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ. Само треба да знаеме кога ќе бидат донесени конкретните одлуки. Премиерот Бабиш ќе ни помогне на Европскиот совет, ќе ја отвори дебатата, верувам дека романското претседателство ќе не стави на дневен ред заедно со претседателот Туск затоа што секоја позитивна порака е мотивирачка за нас да продолжиме понатаму“, изјави во вторникот премиерот Заев.
Во зависност од пораката од Меркел, така ќе се носат и одлуките дома, најавува Заев.
Дали премиерот Зоран Заев ќе ја реконструира владата, ќе има предвремени парламентарни избори или ќе го врати мандатот…сите опции ќе бидат на маса доколку не добие уверување за датум за почеток на преговори.
По средбата со Меркел ќе следи седница на Централниот одбор на СДСМ.
Comments are closed for this post.