Во 13 општини денеска стартува пробното попишување. Без усогласен закон за попис меѓу власта и опозицијата  ќе се тестира методологијата и технологијата за попишување.

Пробниот попис ќе се спроведе во Прилеп, Долнени, Кисела Вода, Зелениково, Гостивар, Кичево, Струга, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Куманово, Кратово и во Штип.

И пробниот, и главниот попис ќе траат по 21 ден, односно по три недели.

Откако во понеделникот беше откажана собраниската расправа за законот, власта не ја исклучува можноста за лидерска средба.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предложениот закон е спорен и дека истиот е производ на таен договор меѓу СДСМ и ДУИ.  Бараат и тие да бидат консултурани за најголемата статистичка операција, во спротивно   не исклучуваат и бојкот на пописот.

Од владејачката партија велат дека пописот не смее да се политизира и уверуваат дека ќе биде по европските стандарди.

Вистинскиот попис треба да се реализира во април следната година.