Јас сум Македонец, кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас…

Вака, меѓу другото, во својот патриотски занес премиерот Зоран Заев, вчера му возврати на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, на неговата навреда дека е „Бугарин на кој следниот ден му текнува“.

По ваквиот одговор на премиерот, се поставува прашањето што ќе биде ако Каракачанов го фати инает и му побара со нов документ да го потврди своето тврдење дека е Македонец? На пример, со Извод од матичната книга на родените, државјанство, со лична карта, со било какво уверение за завршено образование или со било каков друг документ!

Да не остане тогаш со прстот в уста!

Зашто, тоа што го кажува во својот фб статус е лично чувство, што за жал, благодарение на неговите политики, тешко ќе може да го докаже со административен документ.