Штипскиот градоначалник во изолација поради контакт со заболен од коронавирус

08.03.2021 / 9:53


Градоначалникот на Општина Штип Сашко Николов во наредните седум денови е во самоизолација. Информацијата попладнево ја сподели на фејсбук профилот, а на кој пишува дека во петокот имал контакт со пациент, за кој подоцна се утврдило дека е позитивен на Ковид-19.

Николов е интервентен кардиолог и покрај тоа што менаџира за Општина Штип, тој работи и оперира пациенти.

-Иако во текот на лекарскиот преглед ги преземав сите заштитни мерки, сепак од денес па во следните седум дена одам во самоизолација. Засега се чуствувам одлично, немам никакви симптоми, но поради внимателност и почитување на здравствените протоколи следнава недела ќе бидам во изолација, пишува Николов на својот фејсбук профил.

Николов како градоначалник, но и како лекар апелира граѓаните да се одговорни и дисциплинирани. Посочува дека сведоци сме на нов бран од Ковид 19, затоа како што вели сите да носат маски, одржуваат дистанца, а на тој начин секој си го чува здравјето, но и на најблиските.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Јасна е одговорноста на институциите во минатото, ќе видите што ќе открие истрагата

пред 1 час
Македонија

Мицкоски: Ова е масовно убиство – тука нема милост, за уши ќе ги вадиме и ќе одговараат

пред 1 час
Македонија

За 200.000 денари мито изгореа 59 млади луѓе

пред 1 час
Македонија

Седумдневна жалост во Македонија

пред 8 часа
Македонија

Вака изгледал излезот од дискотеката „Пулс“ во Кочани

пред 23 часа
Македонија

Тошковски: За трагедијата се осомничени над 20 лица, дел од нив починале, приведени се поранешни државни функционери

пред 24 часа
Македонија

Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА

пред 3 дена
Македонија

Ратко Капушевски: „Уживај, не се замарај со мене, имам апартман на море во Солун, да знаеш што сè има изгорено и ти не би се вратил во Скопје

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски со најава: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка, ќе бидам во првите редови

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски за Бугарија: Правата на Македонците не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед

пред 4 дена