Бугарија за неколку дена ќе има нов министер за надворешни работи, пишува во новиот број бугарскиот неделник „Галерија“, повикувајќи се на „одлично информирани исвори“, пренесуваат Факти.бг.

Причините за повлекувањето на Теодора Генчовска биле „целосната некомпетентност и отсуството на елементарни познавања на дипломатијата и протоколот„, пишува неделникот.

Со најголеми шанси за нејзина наследничка била Весела Чернева, актуелна советничка на премиерот Кирил Петков. На Има таков народ, чиј претставник е Генчовска, ќе и биде предложено да замине како постојан претставник во НАТО.

Со помали шанси од тие на Чернева била актуелната заменик министерка за надворешни работи Велислава Петрова, пишува неделникот.