Утре во Основниот суд ќе се видат старите познаници. Речиси истите актери од случајот „Рекет“ повторно влегуваат во судница. Бизнисменот Орце Камчев ги тужи Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Како што дознава „Pressing TV“ тој им бара дури 1.5 милиони евра бидејќи смета дека за толку го оштетиле. Нејасно е како Камчев дошол до таа сума а тоа ќе треба да го објасни на утрешниот распит на странки.

На списокот на „должници“ на Камчев се пријавени и Обвинителството за организиран криминал, СЈО и Републичкото Обвинителство.

Уште дознаваме дека првично Камчев барал оштета и од Зоран Милевски-Кичеец но за него се откажал од гонење.

Утрешното судење досега го искоментира единствено Бојан Јовановски кој рече дека конечно ќе се разјасни кој го монтирал случајот „Рекет“.