Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на фејсбујк објави дека минатата недела  полиција упаднала во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи) минатата недела упаднаа во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, значи не поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанаа против црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава. Со специјалци, огнено оружје во домовите на честити луѓе, домаќини, но однеднаш за соседите, и согласно употребената полициска сила стануваат сомнителни поединци за кои има “сомнеж за антидржавно делување”, напиша Мицкоски.

Мицкоски порачува:

Власта треба да биде свесна дека може да уапси 10, 20 луѓе, и така ќе ги чини задоволни оние 100, 200 најзапалени луѓе од власта, но ниту една власт, а најмалку оваа може да уапси цел народ.