Продолжува акцијата за менување на асфалтот на „Партизанска“. Екипите на Град Скопје во петокот ја почнаа реконструкцијата на улицата во населбата Ѓорче Петров, на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на Макпетрол.  Се очекува работите да траат околу 30 дена, а за неа Град Скопје ќе потроши околу 69 милиони денари.

Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов кој рече дека во моментов се работи експедитивно како никогаш досега, а улиците се завршуваат во 10 до 20 дена. Побара од граѓаните да имаат трепение и да го почитуваат сообраќајниот режим.

Реконструкцијата на „Партизанска“ започна на 12-ти месецов.