Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска пред Советот на Град Скопје презентираше нов тематски забавен парк, кој ќе се гради на старата локација, што ќе биде регионална атракција имајќи предвид дека ваков парк не постои во радиус од 250 километри, најави Шилегов.
Презентацијата на проектот, ја водеше авторот на студијата Франко Барцани од италијанското архитектонско студио „Баса“, кое повеќе од 40 години дизајнира вакви паркови. Тој рече дека паркот ќе биде на површина од 26.000 квадратни метри, со 24 различни реквизити и содржини, а се проценува дека годишно ќе има 300.000 посетители, не вклучувајќи ги туристите кои ја поетуваат Македонија.
Градоначалникот Шилегов не можеше да каже колку точно ќе чини паркот, што, како што рече, ќе стане појасно откако ќе почне постапката, но авторот на стуијата во своето излагање спомна дека проектираниот буџет е околу 11,7 милиони евра.
Скопскиот градоначалник очекува студијата да биде прифатена на наредната седница на Советот на Град Скопје, со цел во текот на јуни да се започне постапката за проектирање и набавка на реквизити, со цел паркот да биде отворен до средината на идната година.
Comments are closed for this post.