„Јас тоа што имав го кажав, досега Град Скопје нема добиено никаков доказ дека било каква постапка е започната“ изјави градоначалникот Петре Шилегов, во врска со рокот од 30 дена до Гинекологија Чаир да го променат котелот за затоплување, во спротивно болницата ќе биде затворена.

Министерот за здравство, Венко Филипче пак изјави дека сите надлежни институции се информирани дека во тек е постапката за реконструкција на системот за греење, а болницата ќе биде гасифицирана до почетокот на следната грејна сезона.

Скопскиот градоначалник отфрли било какво алтернативно решение за болницата, бидејќи како што рече, два пати од страна на инспекторите било укажано на проблемот, а не било преземено ништо, затоа и не постои простор за поинакво решение, потенцираше Шилегов.