Гинекологија Чаир ќе продолжи со работа, а ќе биде гасифицирана до почетокот на следната грејна сезона. Ова денеска го изјави Министерот за здравство, Венко Филипче во врска со вчерашната опомена испратена од Град Скопје.

Град Скопје вчера даде рок од 30 дена до Гинекологија Чаир да го променат котелот за затоплување на болницата, во спротивно ќе биде затворена.

Скопскиот градоначалник рече дека инспекторите досега два пати реагирале, а вчера испратиле и последна опомена за црниот чад од оџакот на болницата.