„Играњето игрици е гаф“, признава скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Видеото кое го сними и објави Пресинг Тв, а на кое се гледа како скопскиот градоначалник си игра игрици на мобилниот телефон за време на расправата во Собранието за загадувањето предизвика бура реакции во јавноста.
Да, тоа е гаф. Но, тоа не е мојот однос ниту кон проблемот на загадувањето, ниту кон граѓаните ниту кон Собранието. Затоа им се извинувам на граѓаните. Тоа е мојот однос кон Влатко Ѓорчев, кон паушалните изјави лицемерните и лажни политички пароли паушалниот поглед на проблемите на Ѓорчев и ДПМНЕ се причината што овој град е таму каде што е. До моето доаѓање на оваа позиција тие го водеа градот и живееме во последиците на паушалните политики и говори и пристап кон градот. Ѓорчев и ДПМНЕ од мене не заслужуваат повеќе“, вели Шилегов во интервју за „Независен“.
Comments are closed for this post.