Времето на масовна партизацијата на институциите и злоупотреба на државната администрација заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, возвратија од СДСМ на обвинувањата од опозициската партија дека власта спроведува најцрна партизација на јавната администрација под кодно име „Мрежа“.

Времето на списоци за вработување и црни тефтери како оние на Гордана Јанкуловска, исто така заврши, велат од СДСМ.

По започнатиот процес на реформа и професионализација на администрацијата, институциите денес работат професионално, независно и во интерес на граѓаните. Сите процеси на вработувања се транспарентни, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми. Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионални институции и еднакви услови за вработување и затоа постојано шири лажни вести и конструира непостоечки случаи, стои во реакцијата од СДСМ.