ВМРО-ДПМНЕ,  партијата со најголем скандал за прислушување во историјата на Европа, во чие време се монтирале прислушни уреди по институции, денеска неуспешно сеобвинува да обини дека некој друг прислушувал, возвратија од СДСМ на обвинувањата од лидерот на опозициската партија дека Зоран Заев и Оливер Спасовски ја имаат одговорноста за прислушувањето во обвинителството.

Токму во тоа црно време на режимот Мицкоски беше генерален секретар на партијата и десна рака на осудениот криминалец Никола Груевски, советник во неговиот кабинет.

Граѓаните знаат и паметат дека токму Мицкоски на прес конференција застана против Специјалното јавно обвинителство и побара негово укинување со што уште еднаш се стави во директна одбрана на сите криминали на Никола Груевски. Мрачното време на масовно прислушување и системско кршење на човековите права и слободи, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.Денес, институциите работат професионално и независно, а човековите права се почитуваат и унапредуваат. Оттука, од сите надлежни институции очекуваме до крај да го расчистат овој случај започнат уште во 2016 година, стои во реакцијата од СДСМ.

Од Бихаќка потенцираат дека виновниците за нелегалното прислушување во правосдусните институции ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани.