Вардарци денеска ги прими премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски,а  последна станица им беше кај градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој им ја врачи ветената награда од 100.000 евра за шампионската титула.

Шилегов вчера ги пречека ракометарите на европскиот и македонски првак, а Град Скопје беше задолжен за организација на дочекот на ракометарите на плоштад „Македонија“.