Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Смешни се обидите на Шилегов кој беше градоначалник до пред два месеци и не направи цел мандат ништо против загадувањето на воздухот сега да тврди дека некој друг е виновен.

Тоа што СДСМ не направи ништо за подобрување на квалитетот на воздухот е проблем против кој градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе се борат. Но пред се тоа е проблем за кој решение мора да изнајде државата во целост. Но владата е неспособна за тоа и затоа треба да си замине, зошто 5 години нема еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот.

СДСМ нема да направи ништо против загадувањето. Владата е некомпетентна и не знае. Потребни се брзи предвремени избори и нова влада за реални промени и решавање на проблемите на граѓаните од корен, потенцираат од партијата.