Петре Шилегов е убедливо поразен на изборите за градоначалник на Скопје од страна на Данела Арсовска.Она што се навестуваше по првиот круг се оствари и по вториот. Разликата од околу 8.000 гласови се зголеми на 30.000.

На што се должи тоа

Има неколку причини а најголема е црната кампања што Шилегов и Заев ја водеа против Данела Арсовска поврзана со наводниот бугарски пасош. Ниските удари проитв неа надополнети со оцрнувањеѕо на социјалните мрежи, на билбордите и во медиумите имаа спротивен ефект, анализира „Пресинг ТВ“.

Наспроти тоа Арсовска цело време водеше позитивна кампања и говореше само за проекти за менаџирање на градот што на крајот граѓаните го препознаа.

Ароганцијата која Шилегов ја покажуваше во текот на целата кампања кога и немаше со што да се пофали за она што го сработил придонесоа и голем дел од поддржувачите на СДСМ да гласаат против или едноставно да не излезат на гласање и со тоа да испратат јасна порака.

Дека Шилегов едноставно не можеше да го избегне поразот покажува и тоа што Арсовска имаше убедливо водство во речиси сите скопски општини освен во Центар и Сарај.

Сарај пак е посебна приказна.

Онаму каде што Шилегов очекуваше да го надополни минусот на гласови не се оствари. Тој во првиот круг доби 8450 гласови а во вториот 7549.

Значи не само што не ги доби очекуваните гласови туку бројката се намали.Зошто е тоа останува да видиме и дали со ова ДУИ му испрати порака на Заев за тоа што јасно не даде поддршка на Арифи во Тетово.

И за крај, завршниот удар на Шилегов му го зададоа и Петар Георгиевски Камиказа и Арбен Шакири со нивниот повик да не се гласа за Шилегов. Тоа на контото на Аровска сигурно донесе неколку илјади гласови плус.