Министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговори на „бомбата“ која ја објави Ел Чека во која се слуша нејзиниот глас како бара од Фатмир Бесими да ургира кај членот на ДИК од ДУИ, Субхи Јакупи да гласа во користи на тогашната опозиција на локалните избори.

Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013.Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти!-напиша Шекеринска