Италијанскиот весник „Ла Верита“, кој ги објави бомбите за власта, излезе со анализа за владеењето на Зоран Заев. Како што пишува весникот, последниот удар на Зоран Заев би можела да му го зададе Венецијанската комисија со Законот за јазици.

Како што пишува „Ла Верита апсурдно да се помисли дека целата државна структура би можела да функционира во состојба на целосна билингвалност во случај кога едната популација што зборува еден од јазиците, е малцинство.

Прочитајте ја анализата на „Ла Верита“ во целост:

Во Македонија, после летните објави на Ла Верита за непобитните докази за корупција во владата, почнува да се урива ѕидот на прикривањата (на делата) и стравот што ја гушеше нацијата. Многу бизнисмени смогнуваат храброст да го пријават уценувачкиот систем формиран за време на владеењето на Зоран Заев, а од ден во ден тој има се поголеми потешкотии по однос на контролирање на настаните коишто се акумулираат на какофоничен начин.

Последниот удар на неговиот, речиси минимален, меѓународен углед што му остана, но најмногу на стабилноста на неговата коалиција, ќе му дојде од извонредно демократската институција на Стариот Континент, односно од Венецијанската Комисија. Официјално номинирана како европска Комисија за демократија преку правото, таа е орган на Советот на Европа формиран од независни експерти коишто доаѓаат од повеќе држави.

Во сред корупциски скандал, Заев побара од комисијата да го провери функционирањето на владеењето на правото во Македонија и да го оцени законот за двојазичност донесен во 2018. Законот за двојазичност, со кој албанскиот по важност станува еднаков со македонскиот, иако албанскиот етникум е малцинство во државата, ја претставуваше основата на договорот за коалиција со албанската партија ДУИ со којашто Заев успеа да дојде на власт во 2017, но најбитно, тоа беше првиот чекор за социо-политичката деконструкција на Македонија и на принудната промена на името.

Македонија да се направи и албанска држава, како што репортиравме изминативе години во нашиот весник, е начин за олеснување во иднина за потенцијалното регионално сценарио базирано на Голема Албанија, што овие денови со победата во Косово на Албин Курти, поддржувач за обединување со Албанија, станува се’ пореална стратешка опција на масите во многу кабинети. Ла Верита, ексклузивно, успеа да дојде до се’ уште необјавениот нацрт извештај подготвен од Венецијанската Комисија. Во тие 25 страници од документот од 27 Септември, критиките кон реформата посакувана од Заев, се жестоки, иако е користен дипломатски речник. Меѓународните експерти, конституционалисти и експерти во заштита на малцинствата, новиот закон за двојазичност го оценуваат не само како непотребен, туку и како штетен.

Според Комисијата, со оглед на тоа што Уставот на Македонија гарантира права за употреба на јазиците кои не се мнозински, дека со Охридскиот Договор од 2001 употребата се шири во сите општини со најмалку 20% од населението припадник на малцинство и дека стариот закон за јазици од 2008 се грижи за имплеменатацијата, констатира дека во случај последниов да се применува коректно, е повеќе од доволен за европските демократски стандарди. Во 30 од 80 општини во државата, вклучително и главниот град Скопје, албанскиот е веќе сега де јуре официјален јазик. Исто така, член 48 од Уставот ги гарантира сите политички, социјални и културни права за немнозинските заедници.

Парадоксално, Комисијата, повикана од Заев со цел да го забетонира неговиот кредибилитет и да го потврди постоењето на владеење на правото во Македонија, го обвинува премиерот дека не го почитувал токму владеењето на правото, не земајќи го во предвид широкиот опсег на уставноста, донесувајќи нов закон без соработка со опозицијата, односо по скратена постапка во парламентот без консулатција со граѓанското општество. Експертите , во параграфот 33 од извештајот, отворено го осудуваат тој начин на постапување бидејќи во игра се многу поголеми права отколку самото преживување на владата.

Извештајот исто така, во точка 39, забележува дека законот не ги почитува легалните потребни критериуми за транспарентност, дека е напишан лошо, често на контрадикторен начин или дури противуставно. Соочувајќи се со реалноста на фактите, Комисијата ги отфрла изборите на Заев, поддржувач на отвореното општество протежирано од Џорџ Сорос.

Венецијанската Комисија всушност забележува дека е апсурдно да се помисли дека целата државна структура би можела да функционира во состојба на целосна билингвалност во случај кога едната популација што зборува еден од јазиците, е малцинство. Земајќи го за пример судскиот систем, експертите го оценија законот како лудост што ќе го колабира системот, односно до исчезнување на минималните гаранции за владеење на правото.

За да може да стане дефинитивен, односно јавен, извештајот требаше да биде дискутиран од претставници на Советот на Европа и на Македонската влада, овој 10ти Октомври во Стразбург. Зоран Заев, во обид да го прикрие меѓународниот политички удар, и со цел да избегне криза во владата со албанците, забрани на било кој македонски претставник да присуствува на состанокот.