Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја. Денешните предизвици не може да се решаваат исклучиво ако со двете нозе сме во минатото, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Одговарајќи на новинарски прашања по врачувањето на донацијата во брзи тестови за ковид од Кралството Норвешка, министерката Шекеринска рече дека имаме историја на која сме горди, но оти мора да се трудиме да ги решаваме проблемите.

Во таа насока, како што додаде, е и последното интервју на премиерот Зоран Заев кое испраќа пораки за помирување и гледање напред на работите.

Никој во Европа не мрднал еден чекор од конфликтите и страдањата зборувајќи само за нив, туку правејќи контраст меѓу она што сме виделе, што сме почувствувале како сме страдале и она што сакаме да биде – рече Шекеринска.