Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во одговор на новинарско прашање, а во врска со реакциите на вицепремиерот Османи и изјавата на премиерот во заминување Заев по објавувањето на заклучоците од Венецијанската комисија околу Законот за јазиците, рече дека таа сѐ уште го немала на увид целиот текст. Сепак верува дека ќе се најде решение коешто ќе биде во интерес на сите и коешто ќе покаже дека ги испочитувале и забелешките на Венецијанската комисија.

Она што можев да го прочитам во соопштението се однесуваше на голем прашалник околу судските постапки, а според тоа што го слушнав, во поглед на другите прашања Венецијанската комисија има полиберален став. Тоа ни дава шанса, ако сакаме да најдеме добри решенија, да ги најдеме. Да кажеме дека и мислењето е почитувано, а и граѓаните во оваа држава, без разлика дали се Македонци, Албанци или сите други, се позадоволни – рече Шекеринска.