Министерството за одбрана и воената академија „Генерал Михајло Апостолски – Скопје“ на 5 Март распишале конкурс за избор на најдобар есеј на тема „НАТО и јас“ на кој можат да учествуваат сите средношколци од средните училишта во државата.
Како што е наведено во конкурсот е објавен по повод седумдесет годишнината од формирањето на Северноатлантската Алијанса и зачленувањето на Република Северна Македонија како 30 членка.
Тројцата средношколци кои ќе бидат избрани за најдобри ќе можат да го посетат седиштето на НАТО. За тоа ќе одлучуваат професори од Воената Академија и претставници од министерството за одбрана.
Најдобрите три есеи ќе бидат наградени со организирана посета на седиштето на НАТО под покровителство на Министерката за одбрана на Република Северна Македонија Радмила Шекеринска Јанковска и НАТО. Трите прворангирани есеи ќе бидат презентирани на настан кој ќе се одржи на 07. Април 2019 година. Есеите ќе ги селектира комисија составена од професори од Воената академија и претставници од Министерството за одбрана. Кандидатите со пријавувањето на конкурсот се откажуваат од своите авторски права и се согласуваат по завршувањето на конкурсот нивниот есеј, доколку влезе во групата на најдобрите, да биде објавен во публикација или во списанијата на Министерството за одбрана – се наведува во конкурсот.
Краен рок за пријавување на конкурсот е 4 Април, а министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и преку Фејсбук ги повика средношколците да се пријават.
Драги средношколци. Останаа уште четири дена да ги доставите вашите писмени состави на Конкурсот за избор на најдобар есеј на тема „НАТО и Jас“. Најдобрите три есеи ќе бидат наградени со организирана посета на седиштето на НАТО, напиша Шекеринска.
Comments are closed for this post.