На 05.08.2018 во 08,10 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од Р.С. Македонија, приведен бил C.M.(44) од Турција, кој покажал австриска патна исправа.

По извршениот разговор и увид во патната исправа, соопшти денеска МВР, полицискиот службеник се посомневал во исправноста на документот, односно био страната не била оргинален образец, туку бланко образец со вметнати податоци, а на една од страниците имало два фалсификувани kосовски влезен и излезен штембил и еден мкд влезен штембил. При извршен преглед кај истиот биле пронајдени и фалсификувана австриска лична карта. Лицето било предадено на полициски службеници од РЦ за ГР-Север за понатамошна постапка.