Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска им порача на родителите на ученици од основно и средно образование дека имаат прилика да ги купат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн-настава за време на продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври И дека токму купувањето во рамки на проектот „Викенд без ДДВ“ е можност за тоа.

За време на „Викенд без ДДВ“ ќе може да се потрошат најмногу 30.000 денари во чии рамки може да влезе и таква опрема, а потоа на родителот ќе му се врати платениот данок, рече Шахпаска.