Бараат 80, а не им се сигурни ниту 71. Таргетот на Заев за двотретинско мнозинство за уставните измени во собранието се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак како да не може со сигурност да смета ниту на 71 пратеник заедно со народните избраници на партиите на Албанците. Во таа насока е изјавата на лидерот наа Алијансата на Албанците Зијадин Села во емисијата “360 степени” на Алсат-М. Села вели дека тие имаат барања за уставни измени кои се однесуваат на праавата на Албанците. Без поддршка за овие амандмани, владините партнери според него не можат да се надеваат ниту на поддршка за уставните амандмани за договорот од Преспа.

Владата и владините претставници претеруваат со тоа што бројат 71 пратеник. Нека внимаваат затоа што ние имаме наши барања”, вели Села