Граѓаните се слободни сами да одлучуваат за кого ќе гласаат во вториот круг, вели Зијадин Села, претседателот на Алијанса на Албанците. Тој рече дека политичарите не треба да се обраќаат на партиите, туку на граѓаните.

„Граѓаните треба да одлучат дали ќе гласаат и за кого. Ние имавме само еден кандидат. Конечниот став ќе го имаме по седницата на централното претседателство следната недела. Јас лично, како претседател на Алијансата, пораките што ги имав за пренесување, а бев многу јасен, ги дадов во кампањата, која заврши в недела на 21. април, по дознавање на резултатите. Кој ќе биде ставот на Алијансата, ќе се знае по седницата на претседателството на партијата. Но нашиот принцип е дека сѐ уште не е дојдено време албанските гласови да одат за македонските политички партии, изјави Села во интервју за емисијата 360 степени.

Седницата на претседателството на Алијансата ќе се одржи в среда или в четврток.