Централното Собрание на Алијасата за Албанците во Дебар го избра педијатарот, д-р Арбен Аголи, за кандидат за градоначалник на Дебар на локалните избори на 21 април. Меѓу другото, партијата изгласа промени во статутот, а поширока дебата се водела околу настапот на партијата на престојните претседателските и локалните избори.

Лидерот на партијата, Зијадин Села, нагласи дека Алијансата за Албанците на претседателските избори ќе го подржи независниот кандидат Блерим Река. Коментирајќи ги изборите, Села рече дека во Македонија, од независноста па се до овој момент, никогаш не се одржани коректни и слободни избори.

Така беше и на локалните избори. Она што се случуваше на изборите во Струга е доказ дека секогаш имало манипулации на изборите, бидејки имаше манипулација на гласовите од страна на СДСМ и ДУИ“, посочи Села.

Тој истакна дека судските процеси и пресуди може да влијаат и на претседателските избори.

Судскиот процес за настаните од 27 април во Собранието на Македонија против Абдулфета Алими е политички монтиран процес, бидејки тој наместо да биде прогласен како херој доби казна од седум години затвор. Тој мене ми го спаси животот, а е осуден затоа што не ги спречил во отварањето на вратите сторителите кои денеска се амнестирани и се на слобода, рече Села во врска со судскиот процес за настанате од „27 април“ и пресудата на Алими.