Знамето на  Македонија попладнево е кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонијасо која се означи официјалното пристапувањето на земјава во
Северноатлантската алијанса.

Знамето беше кренато додека се интонираше химната на Република Македонија.
Пред свеченото кревање на знамето добредојде на нашата земја во
Северноатлантската алијанса посака генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Ние сме денеска собрани овде да и посакаме добредојде на Северна
Македонија во семејствоото на НАТО со подигнување на знамето. Триесет
знамиња сега ќе се веат заедно како симбил на нашето единство и
солидарност. Ова е историски момент за Северна Македонија и доаѓа
години посветеност и заложба за реформите, рече Столтенберг