Се откри ли вистината зошто СДСМ и зоран Заев брзаа со носење на Законот за јавно обвинителство?! Бил ли свесен Заев дека можеби постојат снимки кои го докажуваат неговото влијание врз судската власт?! Антонио Милошоски, од прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ, објави нова прислушкуван разговор кој рече дека го добил од укажувач. На објавениот разговор се слуша гласот на Зоран Заев, за што, како што рече, веќе нема потреба да се потврдува, бидејќи, како што кажа, за претходниот разговор што го објавил, Заев од Прилеп самиот потврди дека се работи за неговиот глас.

Одговарајќи на новинарски прашања Милошоски рече дека од разговорот можело јасно да се види дека екс-премиерот бил во тесна координација со екс-шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Милошоски, рече дека Заев не само што бил премиер, туку бил и врховен судија и специјален јавен обвинител. Милошоски уште рече дека снимката може да се види зошто на Заев му се брзало да го донесе законот за ЈО, за во иднина сите овие „бомби“ да не може да бидат докази.

Транскриптот јасно посочува зошто му се брзаше на таков нелегален, неделовнички начин да се донесе Законот за обвинителство и зошто толку очајно се залагаше 80 пратеници да ги обезбеди да гласаат за да не важат понатаму во иднина нелегално стекнати материјали кои што би можеле да бидат употребени како докази против него во некоја идна постапка – рече Милошоски.