Спикерот Џафери ја закажа седницата за предлог-законот за јавно обвинителство на 27 август. Законот е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка.
Ова е очекуван епилог откако власта и опозицицијата се се уште далеку од договор за содржината на законот иако премиерот Заев го презентираше предлогот кој за ВМРО-ДПМНЕ е делумно прифатлив.
За опозицијата е неприфатливо новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција кое треба да се спои со СЈО да го води Вилма Рускоска.
Опозицијата бара обвиненијата поднесени до 30 јуни 2017 од СЈО да преминат во надлежност на државниот јавен обвинител а постапките почнати после рокот државниот јавен обвинител да постапи согласно Законот за кривична постапка и мислењето на Врховниот суд.
За нив е неприфатливо актуелните обвинители на СЈО да бидат дел од Обвинителството за организиран криминал туку да се вратат онаму од каде што дошле.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ најави свој предлог закон за кој сметаат дека ги задоволува барањата на двете страни и е во согласност со европските норми.
Comments are closed for this post.