Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска објави голема афера со злоупотреба на матични броеви од страна на власта.

Меѓу злоупотребените идентитети е и оној на Џадин Адемовски кој е всушност турскиот криминалец Седат Пекер.

Џадин или Седат, како  сакате се наоѓа на Избирачкиот список во општина Чаир и тоа во ОУ „Имри Елези“ на Ул. Брака Реџепагиќ“ бб.

Џадин пак има брат близнак Џеладин.Тие се родени во ист ден, на 22 септември 1968 година. Но, иако се близнаци во местото на раѓање на едниот му стој Чаир а другиот Сарај.

Првата можност да гласаат Џадин, Џеладин или пак Седат ќе ја имаат на локалните избори во октомври.