Нема одложување на казната затвор за бизнисменот Сеад Кочан, одлучи Кривичниот суд по неговото барање да не оди во затвор на 17 јули, датум кога започнува со издржувањето на затворската казна од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“.

Според оваа најнова одлука, тој ќе треба да се појави во затвор за две недели.

Кривичниот суд минатото лето ја објави првостепената пресуда за Труст. Кочан доби 6 години затвор, второ обвинетиот Василие Авриовиќ 2 години. Сафет Ватиќ доби ослободителна. Со пресудата на Апелација казните се намалија, па Кочан доби 4 години и 8 месеци, а Авировиќ – условна.

Со пресудата е предвидена и конфискација во вредност од 17 милиони евра колку што тежи тендерот од ЕЛЕМ за ископ на јаглен од Суводол кој го добил козорциумот од три фирми.