Измените на Законот за прекршоците се во собраниска процедура. Со измените се воведува ново начело на надомест на штета од прекршок. Исто така, со измените се заострува казнената политика со можност за зголемување  на висината на глобите за физичките и правните лица во областа на животната средина, пишува Академик.мк.

Во законското образложение се истакнува дека начелото на надомест на штета од прекршок.  се воведува од причина што во голем број ситуации со прекршокот се предизвикуваат штетни последици, а со изречената глоба или друг вид прекршочна санкција не се постигнува целта на казнувањето.

Сторителот кој е прогласен за виновен за прекршок и му е изречена прекршочна санкција должен е да ја врати или надомести штетата или на друг начин да ги отстрани или поправи штетните последици од сторениот прекршок“, се пропишува во предложеното законско решение.

Целиот текст овде.