И претседателот на државата, Стево Пендаровски со реакција по палењето на знамето на Бугарија во Вевчани.

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување“, вели претседателот Пендаровски.

Синоќа со реакција се јави и МНР на Бугарија, Екатерина Захариева.

Му наредив на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, пред Владата на РС Македонија да ја изрази нашата силна огорченост за вандалскиот чин во селото Вевчани во РС Македонија, каде според вестите во медиумите беше запалено знамето на Бугарија, изјави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.