На почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи, генералниот секретар на НАТО јенс Столтенберг се осврна на состојбата во Западен Балкан.Тој рече дека стабилноста и сигурноста на Западен Балкан е од големо значење за НАТО.

Западен Балкан е од клучно значење за НАТО и ние имаме силни врски со сите земји во регионот. Го поздравуваме напредокот кој е постигнат во Скопје на имплементацијата на договорот за името. Се радувам дека ќе ги дочекаме како 30-та членка на НАТО откако ќе бидат завршени процедурите во земјата. Босна и Херцеговина е ценет партнер во мисиите на НАТО и ние целосно ја поддржуваме нивната евроатланска интеграција. Србија останува ценет партнер, НАТО ги поддржува преговорите кои под закрила на ЕУ се водат меѓу Белград и Приштина. Тоа е круцијално за регионалниот мир и сигурност, изјави Столтенберг.