Претседателката на Комисијата за безбедност, Ермонела Фелај, вчера изјави дека албанските власти почнале да го испитуваат бегството на поранешниот премиер Никола Груевски преку Албанија. Вчера членовите на Комисијата за безбедност оствариле посета на царината кај граничниот премин Хани Хоти, каде Фелај беше прашана за бегството на Груевски, пренесува порталот „Лајм“.

Како се случи преминувањето, од каде влегол, дали имало или не потерница во моментот кога преминал преку Албанија? Тоа не е предмет на членовите на Комисијата за безбедност. Од тоа што го видовме во медиумите, за предметот се води истрага – рече таа.

Фелај рече дека обвинителството треба да даде одговор за овој настан.

Порано, јас бев обвинител, и само истражните органи може да дадат одговор за ова, рече таа.