Сопругата на Миле Јанакиески стравува за животот на екс министерот кој денеска беше претепан во Шутка од членовите на групата обвинета за “Диво Насеље”. Таа во изјава за Сител рече дека смета дека веќе му е загрозен животот и се става во прашање безбедноста на нејзиниот сопруг.

Адвокатите ме известија дека дознале оти настанала некаква тепачка започната од некој од членовите на Диво насеље на која се приклучиле и некои други лица и бил нападнат Миле, во одбрана пристапил Спиро Ристовски и настанала некоја поголема тепачка. Не знам нешто подетално, но знам дека моментално се наоѓа во болница. За што конкретно се работи и за какви повреди, најверојатно на главата со контузии, немам никакви информации повеќе од тоа и чекам адвокатите во секој момент да ми се јават. До сега, искрено, веќе може се става во прашање безбедноста и животот на мојот сопруг во притворот каде што се наоѓа. Мерките за домашниот притвор се почитуваа максимално и наеднаш се сменија работите со што се загрозува животот на сопругот. Навистина сум загрижена и вознемирена, вели Сања Јанакиески.