Од “ГОБ 8 Септември” велат дека не констатирале никакви повреди кај екс министерот Миле Јанакиески.

Денес, 21.02.2019 година, во Градската општа болница „8-ми Септември“  Скопје е примено лицето М.Ј кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди, се вели во информацијата од болницата.

Градската општа болница „8-ми Септември“  Скопје, апелира јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.