Првиот ден од расправата за третата фаза за уставните измени покажа дека власта се уште го нема обезбедено двотретинското мнозинство. Иако во текот на денот пратеници од владејачкто мнозиство убедуваа дека 80 пратеници се обезбедени, очигледно е дека не е така.

Тоа можеше да се насети уште на почетокот на денешната расправа кога само што започна беше прекината со изговор дека треба да се треба да се изгласа нов пратеник на местото на Томислав Тунтев, иако доколку имаше доволен број тоа можеше да помине и без неговиот глас.

Потоа седницата наместо во 16 часот започна во 18 и тоа само со излагање на премиерот Зоран Заев.

Тој ги повика пратениците да гласаат за уставните измени и дека со тоа гласаат за идината на Македонија во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.

Партиски извори брифираат дека власта не е сигурна за гласовите на Беса на Билал Касами. Тие не се откажуваат од барањето да се избрише „македонско“ од државјанството и да остане само „граѓани на Република Северна Македонија“.

Што ќе се случува ќе биде познато на денешната расправа која почнува во 13 часот.
Процедурата е таква што секој амандман се утврдува со обично мнозинство, потоа се отвора општиот претрес, па претресот по текстови и секој амандман поединечно се гласа со двотретинско мнозинство.

Потоа се гласа за сите амандмани заедно со двотретинско мнозинство и на крајот се отвора уставниот закон, за чие усвојување исто така е потребно двотретинско мнозинство.