Христијан Мицкоски уште еднаш докажа дека не му грижа за правдата, не му е грижа за владеењето на правото, неговата единствена грижа е да го одбрани криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, регираат од СДМ на барањето Панчевски да го води новото Обвинителство.

Предлогот на Мицкоски, Владимир Панчевски да биде прв човек на новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција е предлог за враќање на „Сваровски“ судството кое работеше по инструкции од белиот дворец.Мицкоски останува посветен на одбрана на криминалот и дејствување против правдата, против интересите на граѓаните и државата.Заврши времето кога политичари бираа јавни обвинители.Панчевски е олицетворение на „Сваровски“ судството преку кое ВМРО-ДПМНЕ ја урнисуваше правната држава и ги погазуваше човековите права и слободи.Мицкоски е олицетворение на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кој го инсталираше таквото судство.Додека сите работат на изнаоѓање законско решение кое ќе ја зајакне борбата против организираниот криминал, Мицкоски „мртов – ладен“ го кандидира Панчевски, кој е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот и кој давал насоки кој предмет кај кој судија да биде распределен.Јавноста многу добро знае кој е Владимир Панчевски, човекот кој во центарот на Скопје градеше дивоградби кои потоа сам ги уриваше, човек кој беше осуден за мобинг врз судии.

Тоа се репутацијата и кредибилитетот на Панчевски за кои денеска зборува Мицкоски.

Мицкоски очјано посакува враќање на „Сваровски“ судството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, но тој филм нема да го гледа.

Борбата против корупцијата и организираниот криминал е бескомпромисна и не познава партиска припадност.