Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека со предлог законот на Заев и владата за обвинителството и се осигурува место на компромитираната Катица Јанева и останатите обвинители во новиот сектор на обвинителството.

Катица Јанева даде оставка од позицијата специјален јавен обвинител, но со овој закон е предвидено таа да се префрли во републичкото јавно обвинителство, а останатите обвинители кои што и помагаат на Катица Јанева, без разлика дали и тие кои индиректно учествувале во процесот рекет, треба да бидат превземени во рамките на новото обвинителство за организиран криминал и корупција, вели Мицкоски за Сител.