ВМРО-ДПМНЕ поврза криминал и земање провизии со неспособност, а резултат на тоа за време од 11 години се само 7 километри автопат а оставен огромен хаос, нерешени и натрупани проблеми и бандери на сред пат. Не се тоа „проекти“ како што зборува ВМРО-ДПМНЕ туку утки.Сликата со бандерите на среде пат говори за неспособноста и односот на ВМРО-ДПМНЕ кон потребите на граѓаните, обвинуваат од СДСМ

-Затоа само на автопатот Миладиновци-Штип имаше нерешени имотно правни проблеми, свлечишта, непредвидени надвозници, одводни цевки, непремостени инсталации, заштитни огради итн.

За само 2 години сите натрупатни проблеми ги реши Владата предводена од СДСМ и авопатот Миладинови – Штип е пуштен за употреба.

Решени се сите проблеми и на Автопатот Кичево-Охрид.

СДСМ ги решава проблемите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ и интенизвно гради по план!

Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри.

За 2 години СДСМ направи повеќе во инфраструктурата од 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ