СДСМ преку соопштение реагира на прес конференцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со вечерашните апсења, обвинувајќи го претседателот на партијата Христијан Мицкоски дека се ставил во одбрана на осомничените.

„Мицкоски денеска застана зад нападот на уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. Очигледно исфрустриран од сопствената безидејност, од загубената поддршка кај граѓаните и немоќта да го одбрани криминалот на Никола Груевски“, стои во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека 27 април е најтрагичниот датум во историјата на нашата држава, кога со насилен упад во Собранието биле загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието. Според СДСМ судот и надлежните институции ќе кажат кој е виновен.

„Сите оние кои биле извршители и нарачатели крвавите настани на 27-ми април, мора да понесат одговарност согласно законите, низ транспаретна судска постапка“, пишува во соопштението.