„Само што завршивме со преизнесувањето на осомничените за предложената мерка притвор“ рече судијката Вилма Рускоска и кажа дека се чека одлуката на судија во претходна постапка, по барањето на обвинителството за Миле Јанакиески и Спиро Ристовски поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

По распитот во Кривичниот суд, за поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, обвинителката Рускоска  рече дека си заминал затоа што се повикал на пратеничкиот имунитет.

Во врска со краткото соопштение кое го објавија од Обвинителството врз основа на еден доказ дека никогаш, ниту наредба за истрага, ни обвинение се базира само на сведочење на еден орган или на еден сведок. Покрај сведочења на сведоци или на обвинети мора да има и други материјални докази што во конкретнот случај Обвинителството  ги поседува.