Паниката на ВМРО-ДПМНЕ кулминира, стравот од правдата и одговороност за сите што го прекришиле законот е се поголем. Стоилковски ја утнал адресата, вистинското место за овие прашања е балиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, се наведува во реакцијата на СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски.

„Мицкоски призна дека се гледал со Зоки Кичеец, осомничен во случајот Рекет. Лицата што се појавуваат на снимките, како Зоки Кичеец и Орце Камчев се блиски од ВМРО-ДПМНЕ, исто како и медиумот каде што излегуваат снимките. Стоилковски нека oтиде пред белиот дворец и нека го повика неговиот лидер Мицкоски конечно да се одважи и да излезе пред граѓаните со одговори на прашањата:

Откако призна дека се гледал со осомничениот во Рекет, Зоки Кичеец, време е Мицкоски да одговори дали  се гледал со Груевски, со новинарот од Италија, и со други луѓе од Словенија? Редно е да каже со кого се видел? Кога и каде? Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа? За да не биде лицемерен Стоилковски нека ги повика на одговорност и сите оние од ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат постапки во отворени предмети како Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Талир, Империја, Дизајн и многу други.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги заштитат криминалите од режимот. Лажните вести не можат да ги променат фактите.

Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот Рекет ама и за сите останати случаи во кои се инволивирани поранешни функционери токму од ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи дека одговорност мора да има и за тајкуните на режимот“, се истакнува во реакцијата на СДСМ.