Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов прогласи победа на нивниот кандидат Стево Пендаровски.

Граѓаните го препознаа концептот на единство, кој води кон ЕУ и НАТО. Граѓаните избраа вистински претседател кој води напред. Ние граѓаните, денеска кажавме конечно ‘не’ за враќање назад во темното минато и поделби“, рече Костадинов.

Тој им порача на ВМРО-ДПМНЕ да не бараат изговори за поразот кој им следува.