Зоран Заев и СДСМ си прават параполициска структура која ја водат личното обезбедување на Заев, вработени во шестата управа како и лица осудувани за криминал, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму тврдат дека Агенцијата „Код Секјурити Груп“ ДОО Струмица е основана на 10 јули годинава од Александар Трајков, Николчо Колев и Стево Трајков  и дека Николчо и Стево се се уште вработени во МВР, а Александар Трајков велат  е добро познатиот придружник на Зоран Заев како бодигард, како претходно така и сега кој што знаеме дека е вмешан во повеќе скандали наназад годиниве.

Во редот на основачите посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ е и извесен Лазо Котуровиќ, кој претходно бил дел од личното обезбедување на Зоран Заев како градоначалник на Струмица, а за него во МВР може да се види дека е неколкукратен сторител на кривични дела како насилство, напад врз службено лице и други кривични дејаниа.

За која намена е основана оваа агенција за обезбедување? Дали оваа агенција за обезбедување има намера да го зголеми криминалот по улиците каде што изминативе година дена се случуваат нерасчистени убиства на секој чекор? И никој не одговара за нив. Кои се намерите и кои професионални обврски ги исполнува оваа агенција за обезбедување на СДСМ?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.