Централното претседателство на СДСМ доцна попладнево ќе одржи седница на која ќе избира нови потпретседатели на партијата и министер за финансии.

Според партиски најави, директорката на „Групер“, Нина Ангеловска, ќе биде предложена за министер за финансии. Како предлози за потпретседатели се министрите Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мила Царовска, пратеникот Мухамед Зекири и пи-ар експертот Коста Петров, кој работеше во кабинетот на поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, актуелен градоначалник на Гостивар.

Фросина Ременски заминува од потпретседателската функција.