Адвокатот на Катица Јанева, Стеван Павлески, ги собира потребните документи и до вечерва ќе поднесе жалба до Кривичниот совет за одредената мерка притвор, јавува Алсат. Павлески напоменува дека поради заминувањето на Јанева во Гевгелија на погребот на нејзината мајка, ситуацијата е посложена и покомплицирана.

Рано утринава Јанева со полициска придружба од притворското одделение во Шутка се упати на погребот на нејзината 83-годишна мајка во Гевгелија, а откако и се слошило во капелата, била вратена назад.

Јанева заработи 30-дневен притвор и беше упатена во затворот Шутка за случајот „Рекет“.