СДСМ денеска во 12 часот ќе одржи Конгрес на кој се очекува да биде потврден изборот на Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата.

Ова следува откако во петокот, СДСМ и коалициските партнери одлучија токму Пендаровски да биде т.н консензуален кандидат за шеф на државата. Тој покрај од СДСМ и ДУИ доби поддршка и од триесеттина други партии за што се заблагодари на укажаната доверба.